Утрински Весник
Македонија

Верниците во помал број во црквите во делчевско

Верниците во помал број во црквите во делчевско
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Делчево, 16 април 2020 (МИА) – Верниците од делчевско денеска во помал број присуствуваа на црковната богослужба што се одржа во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево по повод Велики Четврток.
– Според старите обичаи во зори на Велики четврток се вапсува барем едно црвено јајце, кое ја симболизира крвта господова. Првото вапцано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце, второто вапцано јајце е за домаќинот на семејството, додека третото вапцано јајце за бериќет и за стоката, вели Виолета Стојковска.
За утре, според најавеното во делчевските цркви ќе биде зајакнато присуството на полициските службеници кои ќе контролираат дали се почитуваат препораките за заштита од КОВИД-19.
Во Делчево до денес има 23 лица во самоиолација. Нема регистрирано позитивен случај на коронавирус. вс/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Избрани Хоџа и Сали за нови министри во Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Министерката Божиновска нема бугарски пасош

Зголемен бројот на заболени деца во болницата во Куманово