Утрински Весник
Спорт

Вернер се согласи да се пресели во Ливерпул доколку клубот плати обештетување од 52 милиона фунти

Клоп дава 60 милиони евра за Тимо Вернер
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ливерпул, 23 април 2020 (МИА) – Напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер е подготвен да ја продолжи кариерате во Ливерпул.

Дваесет и четиригодишниот Германец се согласи да замине во англискиот клуб доколку „црвените“ ја платат сумата за негово обештетување од 52 милиони фунти, пренесува „Скај Спортс“.

Исто така, одлуката на напаѓачот може да влијае од тоа дали тренерот на премиерлигашот Јирген Клоп ќе го убеди дека редовно ќе игра.

Како и да е, Ливерпул не планира да започне преговори за Вернер, додека опцијата за висината на надоместокот останува активна. Оваа клаузула во договорот важи до 15 јуни 2020 година.

Претходно беше објавено дека Баерн исто така покажува интерес за играчот.

Вернер постигна 27 голови за Лајпциг оваа сезона. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk