Утрински Весник
Спорт

Вернер се искачи на второто место во историјата на Бундеслигата по постигнати голови на гостински терен

Клоп дава 60 милиони евра за Тимо Вернер

Берлин, 2 јуни 2020 (МИА) – Напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер постигна гол на натпреварот (4:2) од 29. коло од Германскиот фудбалски шампионат против Келн одигран вчеравечер. За напаѓачот, ова беше 15-ти погодок на теренот на ривалот.

Според овој индикатор, Вернер го зазема второто место во историјата на Бундеслигата, изедначувајќи се со Пјер-Емерик Обамејанг (2016/17), Един Џеко (2009/10) и Герд Милер (1971/72).

Рекордот му припаѓа на Јуп Хенккес, кој постигна 17 голови на гостувањата во сезоната 1973/74. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина