Лајпциг, 2 мај 2020 (МИА) – Напаѓачот на РБ Лајпциг, Тимо Вернер изјави дека претпочита да игра во странство пред трансфер во Баерн (Минхен).
Германскиот репрезентативец го следат голем број на екипи, меѓу кои и Ливерпул и Манчестер Јунајтед.
– Баерн е одличен клуб, нема потреба да коментираме и Ханси Флик докажа дека е многу добар тренер. Ако во одреден момент има можност за трансфер, ќе бидам повеќе во искушение да играм во странство од Баерн. Само предизвик од друго првенство е поголемо од трансферот во Бундеслигата, изјави Вернер за „Билд“.
На Вернер му истекуваше договорот со РБ Лајпциг на почеток на сезоната и многумина очекуваа тој да се пресели во Баерн. Сепак, тоа не се случи и во август потпиша нов тригодишен договор со неговиот сегашен клуб.
– Не можам да одговорам што го мотивираше тогаш Баерн. Среќен сум и задоволен што го продолжив мојот договор овде и играв во Лајпциг оваа сезона. Според мое мислење, го продолжив својот развој под водство на Нагелсман и израснав како личност, сега преземам поголема одговорност. Благодарен сум за тоа и навистина го ценам она што го имам во Лајпциг, додава тој.