Утрински Весник
Свет

Верешчук: Во неделата беа евакуирани 2.824 цивили

Верешчук: Во неделата беа евакуирани 2.824 цивили

Во неделата 2.824 цивили беа безбедно евакуирани од воените зони во Украина преку хуманитарни коридори, изјави вицепремиерот на Украина Ирина Верешчук.

– Во текот на денот од опасните подрачја се евакуирани 2.824 лица. Во текот на денот со лични возила и автобуси се евакуирани 2.622 лица од Мариупол до Запорожје. Од нив, 213 се евакуирани од градот Мариупол, а останатите од градовите Полохи, Василивка, Мелитопол и Бердјанск – вели Верешчук во видео порака.

Таа додаде дека и покрај тоа што окупаторот постојано го крши примирјето во Луганск, 202 лица се евакуирани од градовите Лисичанск, Северен Доњецк, Рубижне, Попасна и Кремина.

Таа посочи дека ќе продолжи со евакуациите.

Да потсетиме, Русија започна војна против Украина на 24 февруари, што го предизвика гневот на меѓународната заедница. Многу земји, вклучително и членки на Европската унија, САД и Обединетото Кралство, воведоа санкции.

Според Обединетите нации, во Украина загинале најмалку 1.793 цивили, а 2.439 се ранети, иако се стравува дека бројките би можеле да бидат многу поголеми.

Повеќе од 4,5 милиони Украинци побегнаа во соседните земји, додека неколку милиони се внатрешно раселени.

Можете да прочитате

Заврши видео-средбата на европските лидери со Зеленски и со Трамп

Израел го бомбардираше градот Газа, над 120 загинати

Скандал во Полска: Пари од ЕУ завршиле во свингерски клубови и на јахти