Вереничкиот прстен со смарагд и дијаманти, кој Хауард Хјуз ѝ го дал на холивудската sвезда Кетрин Хепберн во 1938 година, беше продаден за 150.000 УСД на аукција во Лос Анџелес, повеќе од три пати поголема цена од очекуваната, а колекцијата со нејзините љубовни писма до него за 44.800 долари.
Аукциската куќа „Профили во историја“ (Profiles in History) соопшти во петокот дека и други лични предмети кои припаѓаат на Хјуз биле купени по цени повисоки од проценките пред продажбата, вклучително и федора со трговска марка на претприемачот (51.200 УСД) и двобојна јакна (89.600 УСД) што ја носел додека пилотирал.
Хјуз и Хепберн никогаш не се венчале, но нивната 18-месечна романса кон крајот на 1930-тите, која беше дкументираа во филмот „Авијатичарот“ од 2004 година, беше голема селебрити-приказна во тоа време.