Заврши сезоната во Бундес лигата. Последното коло донесе интересна разрешница, во борбата за опстанок и местото кое обезбедува пласман во кавлификациите вом Конференциската лига на УЕФА.
Вердер Бремен не успеаја да се спасат. Доживеаја пораз 2:4 од Борусија Менхегладбах, додека директниот конкурент Келн со 1:0 го совлада Шалке.
Шалке и Вердер испаднаа од Бундес лигата, додека Келн ќе игра бараж за опстанок против третопласираната екипа во Цвајта.
Менхенгладбах го турнаа Вердер во втората лига, но не успаја да дојдат до седмото место. Унион Берлин со победата во 92.минута над Лајпциг, успеа да дојде до седмото место и прв пат во клупската историја да избори место во европските купови.
Унион Берлин го победија Лајпциг со 2.1, а голот за победа го постигна Крусе во 92.минта.
Во Лигата на шампионите наредната сезона покрај шампионот Баерн ќе играат Лајпциг, Борусија Дортмунд и Волфсбург, а пласман во Лига Европа осигураа Ајнтрахт Франкфурт и Баер Леверкузен.
> Вердер испадна од Бундес лигата, Келн ќе игра бараж за опстанок, Менхенгладбах остана без Конференциската лига <