Утрински Весник
Спорт

Венус Вилијамс на 42 години доби вајлд-карта за САД опен

Венус Вилијамс ќе го направи камбекот на голема сцена на САД опен, откако ја пропушти целата сезона 2021, откако Американската тениска асоцијација (УСТА) потврди дека таа добива вајлд-карта за настап на последниот календарски грен слем, кој почнува на 29 август во Њујорк.

dobivaj vesti na viber

42-годишната Вилијамс, поранешна светска тенисерка број 1, ќе го има својот 23. настап на домашниот грендд слем. Венус беше неактивна речиси цела гоина пред да се врати во мешани двојки на Вимблдон ова лето. По ова таа играше во Вашингтон, Монтреал и Синсинати, но трипати загуби во првото коло. Нејзината помлада сестра, 40-годишната Серена потврди дека се повлекува од спортот по САД опен, но Венус нема објавено дека планира да стави крај на кариерата.

Вајлд-карта доби и шампионот од 2020, Австриецот Доминик Тим, како и шампионката од Австралија опен 2020, Американката Софија Кенин, откако двајцата се мачеа со повреди и испаднаа од топ 100.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина