Утрински Весник
Спорт

Венус Вилијамс загуби од 199-тата во светот

Венус Вилијамс загуби од 199-тата во светот

Монтереј, 3 март 2020 (МИА) – Американската ветеранка Винус Вилијамс загуби на стартот на турнирот во Монтереј.

Триесет и девет-годишната тенисерка загуби од бр.199 на светската ВТА листа, Словачка, Ана Шмидлова, со 6-4, 3-6, 2-6. Натпреварот во првиот круг траеше 2 часа и 29 минути. Венус направи 12 двојни грешки и реализира 8 брејка, исто колку и Шмидлова.

Словачката тенисерка во следното коло ќе игра со Мари Бозукова (Чешка), која ја совлада Словенката Кристина Кучова со 6-4, 6-2.

Напред продолжува и Американката Слоан Стивенс, кој ја елиминира нејзината сонародничка Ема Наваро со 6-4, 5-7, 6-1.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство