Утрински Весник
Свет

Венецуела собори американски авион

Венецуела собори американски авион
Dik 300x250 mk

 

Стратешката команда на вооружените сили на Венецуела (ЦЕОФАНБ) објави дека авион со американски ознаки бил неутрализиран, откако го нарушил воздушниот простор на земјата.

„ЦЕОФАНБ известува дека Обединетата команда на силите за воздушна одбрана откри авион со американски ознаки во воздушниот простор во Венецуела ноќта меѓу 7 и 8 јули и го неутрализира во согласност со законот, со помош на воени авиони“, се вели во официјално соопштение објавено на „Твитер’.

Најавата е пропратена со снимки од соборениот авион во пламен, на кој е се гледа бројот N339AV.


Според податоците на сервисот „Флајтрадар“, станува збор за приватен авион марка „Хокер 800“, кој вчера извршил регистриран лет на територијата на Мексико од Толука на островот Козумел во Карипското Море во близина на источниот брег на Мексико.

Засега нема официјални информации за местото на инцидентот, стоката и екипажот, иако ваквите инциденти главно се поврзани со нелегален шверц на дрога. Вредноста на таков авион на пазарот за половни летала во просек е два милиона долари, а неговата носивост е 900 килограми.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно