Утрински Весник
Спорт

Венеција со гол во 92. минута го расипа враќањето на Михајловиќ на клупата на Болоња

Dik 300x250 mk

Венеција со гол во 92. минута стигна до драматична 4:3 победа над Болоња во меч кој беше одбележан со враќањето на Синиша Михајловиќ на клупата на гостите по вториот престој во болница по борбата со леукемијата.

Српскиот тренер пред мечот изјави дека ќе биде „многу изнервиран“ ако не победат во мечот, а и покрај тоа што направија камбек во второто полувреме, на крајот се помирија со пораз против клубот кому поените му се поважни во борба за опстанокот.

Томас Анри уште во четвртата минута ја донесе Венеција во предност, за во 19. минута да биде 2:0 откако Софијан Кијине по неуспешниот пенал ја уфрли топката во голот на гостите. Болоња се врати во живот во финишот на полувремето, кога Рикардо Орсолини намали на 2:1, за во второто да направат пресврт – Марко Арнаутовиќ израмни во 55. минута, пред Јерди Шоутен во 68. минута да донесе 2:3 водство за гостите. Сепак, Венеција израмни во 78. минута кога беше досуден пенал, а Матија Араму беше прецизен, за Денис Јонсен во 92. минута да ги донесе трите поени за домаќините.

Со трите поени Венеција ги заддржа теоретските шанси за опстанок, иако уште се последни со 25 поени, четири зад Салернитана на последното „безбедно“ место – Венеција има уште два меча до крајот на сезоната, а Салернитана уште три.

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-37475”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

> Венеција со гол во 92. минута го расипа враќањето на Михајловиќ на клупата на Болоња <

Можете да прочитате

Река во Австралија полна со крокодили, е прогласена за погодна за ОИ 2032

Вардар четвртфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“