Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Венди Вилијамс: Мојот поранешен сопруг беше сериски изневерувач

Венди Вилијамс: Мојот поранешен сопруг беше сериски изневерувач
300x250 opst2

Венди Вилијамс откри дека нејзиниот поранешен сопруг Кевин Хантер имал многу љубовници и го нарече сериски изневерувач.

Во изјавата, дадена спроти премиерата на нејзиниот документарен филм Wendy Williams: What A Mess, таа откри дека тие сè уште одржуваат контакт.

Познатата водителка на ток-шоу (56) разговараше со дописникот на „Екстра“ Били Буш за документарецот во кој го истражува 23-годишниот брак со Кевин, кој заврши со развод во 2020 година.

„Кевин ме изневеруваше додека бев бремена со мојот син… и дознав и можев да се разведам тогаш, но си реков: Не, имам син, и нема да имам повеќе деца. Не сакав да останам сама со дете“, рече Венди.

Нивниот син Кевин Хантер Џуниор сега има 20 години.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пет хороскопски знаци ќе имаат неверојатен успех во кариерата во 2026 година

„Ветуваме дека ќе продолжиме таму каде што тој застана“: Второто семејство на Панчо, Sure Shotz, порача дека ќе ја продолжи неговата мисија!

Пирето од компири ќе има подобар вкус ако додадете оваа состојка во него