Долгогодишниот тренер на Арсенал, Французинот Арсен Венгер за The Guardian даде свое размислување за основање на европската Суперлига – натпреварување во кое би настапувале само најбогатите европски клубови од рангот на Барселона, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Јувентус, Ливерпул…
Венгер смета дека Суперлигата не е добра опција за англиските клубови.
„Премиерлигата е надмоќна. Останатите лиги сакаат да ја уништат таа моќ, а најдобар алат за тоа е креирање на европската Суперлига. Тоа значи уништување на Премиерлигата. Ако креаторите на новата лига добијат дозвола од големите англиски клубови, тоа и ќе се случи“, смета Венгер.
На прашање дали Суперлигата е исклучително финансиски проект, Венгер е дециден:
„Тоа е фудбалски проект, но се наоѓаме во ера во која сопствениците на клубовите се и инвеститори, а прва цел на инвеститорите е генерирање на уште повеќе пари. Од таа перспектива Суперлигата можеби е само начин да се заработат повеќе пари“.
> Венгер: Суперлигата е алатка како да се уништи Премиерлигата <