Утрински Весник
Спорт

Венгер: Озил? Еден од најдобрите, вистински уметник

Венгер: Озил? Еден од најдобрите, вистински уметник
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешниот менаџер на Арсенал Арсен Венгер во интервју за „Велт ам Зонтаг“ говорел за својот поранешен фудбалер Месут Озил. Венгер рекол дека му е жал што Озил повеќе не е на нивото на кое заслужува да биде.

Озил во ерата на Венгер беше еден од главните играчи во тимот, поради тоа менаџерот предложи, а челниците на клубот прифатија да му понудата на Озил неделна плата од 350.000 фунти.

Со заминувањето на Венгер започна и падот на Озил, кај Унаи Емери не играше многу но беше во тимот, додека кај Микел Артета седи на трибините.

„Тој е еден од најголемите. Луѓето одат на стадионите за да гледаат играчи каков што е тој. Не ги знам причините за неговиот пад. Исчезна од радарите кога јас заминав од клубот. Тој е неверојатно талентиран играч, како голем музичар, уметник…Но за уметниците повеќе нема место во модерниот фудбал. Зошто не е таму каде што му е местото, тоа е мистерија за мене. Не сум имал можност да разговарам со него откако заминав од клубот“, рекол Венгер.

Венгер смета дека можна причина за она што му се случува на Озиле е неговото заминување од германската репрезентација, откако јавноста не реагираше добро на неговите фотографии со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Никогаш не ми се допадна начинот на кој што тој замина од репрезентацијата. Како играч сакаш да настапуваш на големата сцена, на Светско првенство. Таа желба е движечката сила. Сум видел многу играчи чии кариери тргнале по надолна линија кога таа врата им била затворена“, рекол Венгер и дополнил.

„Мислам дека направи грешка. Тој е добра особа и исклучителен фудбалер. Во животот сум видел многу играчи. Тој е еден од најдобрите! Поради тоа ми е жал што ова му се случува“.

> Венгер: Озил? Еден од најдобрите, вистински уметник <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

РФМ полноправна членка на медитеранското ракометно семејство

Халанд го престигна Роналдо по број на голови во Премиер лигата

Ал-Наср доби забрана да регистрира играчи