Долгогодишниот менаџер на лондонски Арсенал, Арсен Венген е во конкуренција за селектор на фудбалската репрезентација на Холандија откако се испрази местото на клупата на „лалињата“ по заминувањето на досегашниот предводник Роналд Куман на кормилото на шпанска Барселона.
На Венгер наводно му било понудено да го замени Кике Сетиен во Каталонскиот клуб, ја одбил понудата. Сега е во можност да се надева дека за првпат во тренерската кариера може да предводи репрезентација.
Дел од холандските медиуми пишуваат дека Венгер сам им се понудил на челниците на Федерацијата веднаш откако Кумам биде промовиран на „Ноу Камп“.
Екс-менаџерот на Арсенал, наводно се согласил да ја напушти функцијата во ФИФА само за да се врати во тренерската професија.
> Венгер не сака во Барса, ама сака да ги води „лалињата“ <