Утрински Весник
Спорт

Венгер: Баерн е најдобар бидејќи конкурентите се слаби

Венгер: Баерн е најдобар бидејќи конкурентите се слаби

Поранешниот тренер на Арсенал Арсен Венгер за „Шпигл“ говорел за успесите на Баерн Минхен. Баварците немаа конкуренција во Лигата на шампионите, а сезоната ја завршија со тројната круна.

Арсен Венгер рекол дека фудбалерите на Баерн заслужено ја освоиле европската круна, но изненадил со изјавата дека овој тим е далеку зад тимот кој во 2013 година исто така ја освои Лигата на шампионите.

„Не сакам ова да звучи потценувачки бидејќи Баерн е најдобриот тим во Европа, во моментов немаат конкуренција. Барселона е слаба, Реал е слаб, сите останати се слаби. овој Баерн не е најдобриот во историјата на клубот, не е ниту блуски до тимот ос 2013 година“, рекол Венгер.

Легендарниот тренер добро се сеќава на таа генерација на Баерн бидејќи во нокаут-фазата Баерн во двата натпревари со вкупни 10:2 го елиминираше Арсенал.

> Венгер: Баерн е најдобар бидејќи конкурентите се слаби <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина