Утрински Весник
Спорт

Велс и Украина во историска битка за место на Светското првенство

Фудбалерите на Велс имаат можност да направат историја за својата нација. Да го обезбедат второ учество на Светско првенство, прво по дури 64 години. Но, историја и борба како мотив имаат и нивните противници. Селекцијата која доаѓа од растргнатата од војна Украина. Затоа денешниот натпревар кој ќе го даде последниот патник на Светското првенство во Катар е специфичен поради повеќе аспекти.

Англија, САД и Иран се во групата која го очекува последниот противник за Мундијалот закажан за крајот од годинава.

„Имаме разбирање за нивната ситуација, на сите ни е ужасно жал да тоа што се случува во земјата, но ова денеска е фудбалски натпревар и ние сакаме да победиме“, изјави во пресрет на мечот капитенот на Велс, Герет Бејл.

Натпреварот првично беше закажан за март, но беше одложен поради инвазијата на Русија на Украина. И украинските репрезентативци се обидуваат да го остварат вторто учество на светските првенства. За тимот од земјата тешко погодена од војна, натпреварот е многу повеќе од фудбал.

Со знаме добиено од војниците кои ја бранат земјата, закачено во соблекувалната, украинските фудбалери се мотивираат за големата битка.

„Во Украина е навистина тешка ситуација и не може секој да гледа фудбал, но ние ќе се обидеме да се концентрираме и да одиграме добро“, вели селекторот Олександр Петраков.

На патот до финалето на баражаот за пласман на Светскто првенство , Велс во полуфиналето славеше над Австрија, а Украинците беа подобри од Шкотска.

> Велс и Украина во историска битка за место на Светското првенство <

Можете да прочитате

Саудијците му нудат на Винисиус една милијарда евра од сезона

Саудијците му нудат на Винисиус една милијарда евра од сезона

Гром уби фудбалер на средината на теренот во Перу, уште седуммина завршија на тревата