Утрински Весник
Македонија

Велосипедистка со тешки повреди пренесена во болница, во неа удрил мотоцикл

Велосипедистка со тешки повреди пренесена во болница, во неа удрил мотоцикл

Осумнаесетгодишна девојка со тешки повреди е пренесена во болница откако во неа удрил мотоцикл.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера на ул.Јордан Мијалков во Скопје, кога мотоцикл „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ш.(51) од Скопје, удрил во велосипедистката Е.Ѓ.(18) од Скопје.

Е.Ѓ. била пренесена во градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде што од доктор ѝ се констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Грозоморно убиство во Зрновци, пронајдено безживотно женско тело

Пожар во куќа во Прилеп, повреден еден пожарникар

Автомобил удрило осумгодишно дете во село Конче