Утрински Весник
Македонија

Велосипедизам на Осоговските планини и обнова на планинарскиот дом со средства од Европската Унија

Велосипедизам на Осоговските планини и обнова на планинарскиот дом со средства од Европската Унија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Извршен беше увид во градежните работи на проектот „Планински велосипедски рај“ на Осоговските планини, којшто се реализира со средства за Локална и регионална конкурентност, финансиран од грант од Европската Унија.

За проширување на туристичкиот потенцијал и за создавање услови за развој на авантуристичкиот туризам на Осоговските планини со овој проект се предвидени вкупно 30.674.272 денари, од кои 10 проценти се учество на Општина Кочани.

Увидот го извршија вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, преставникот на ЕУ Никола Бертолини и Градоначалникот на Кочани Николчо Илијев, кои одржаа и работен состанок.

Целта на проектот „Планински велосипедски рај“ е да развие уникатно планинско авантуристичко искуство. Тоа ќе се овозможи со изградба и обновување на велосипедски планински патеки, обновување на планинарскиот дом и развој на други услуги за поддршка на овој вид туризам.

На состанокот се разговараше и за развој на други инфраструктури проекти во Општина Кочани коишто се значајни за подобрување на туризмот и условите во општината.

Преку проектот за Локална и регионална конкурентност досега се потпишани 61 договор за реализација на проекти со кои се инвестира во секторот туризам низ целата држава. Од нив 25 се целосно завршени, а во тек е реализацијата на уште 36.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Берово утрово -9, во скопски Петровец -8 степени

ВМРО-ДПМНЕ: Дали на Бихаќка ќе слават Нова година по дубајско време и дали го резервираа навреме Харис да им пее?

Условна казна за напаѓачот на ,,Инфомакс”