Утрински Весник
Свет

Велика Британија со закон го забрани влезот на руските бродови

Велика Британија со закон го забрани влезот на руските бродови
Dik 300x250 mk

Обединетото Кралство денеска објави дека усвоиле закон со кој им се забранува влез во нивните пристаништа на сите бродови што имаат каква било врска со Русија.

„Штотуку станавме првата нација што усвои закон што вклучува целосна забрана за влез во британските пристаништа за сите бродови што имаат каква било врска со Русија“, напиша британскиот министер за транспорт, Грант Шапс, на „Твитер“, пренесува „Ројтерс“.

Вчера, Велика Британија им нареди на своите пристаништа да ги блокираат сите бродови што се под руско знаме или за кои се верува дека се регистрирани, се во сопственост или се контролирани од кое било лице поврзано со Русија.

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп