Утрински Весник
Свет

Велика Британија се очекува да воведе едномесечна блокада на земјата

Велика Британија се очекува да воведе едномесечна блокада на земјата

Британската влада размислува за воведување на едномесечна блокада, пренесува Би-Би-Си.

Според информациите, премиерот Борис Џонсон се очекува да одржи прес-конференција на која ќе ја објави веста за нов „локдаун“ на земјата.

Би-Би-Си наведува дека тамошните власти се надеваат дека построгите мерки, чие објавување се очекува денес, ќе можат да бидат олабавени околу Божиќ.

Како што наведуваат британските медиуми, новите мерки предвидуваат затворање на рестораните, кафулињата и несуштинските продавници. Училиштата, универзитетите и колеџите ќе останат отворени.

Според најпесимистичкиот модел, се предвидуваат 4.000 смртни случаи дневно, доколку не се воведат мерките.

Претходно, Би-Би-Си имаше увид во документите што укажуваат на тоа дека Велика Британија, доколку не воведе построги мерки, се заканува да има многу повеќе смртни случаи од коронавирус на дневно ниво, отколку за време на првиот бран.

Еден модел сугерира дека бројот на загинати може да достигне 4.000 на ден. Оваа бројка е заснована на модел кој претпоставува дека нема да има нови построги мерки.

Повеќето модели предвидуваат дека бројот на смртни случаи на ден може да биде максимум 2.000. Патем, британскиот премиер досега се спротивставуваше на воведувањето строги мерки на национално ниво.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk