Утрински Весник
Свет

Велика Британија по двапати ќе ги тестира сите патници за влез во земјата

Велика Британија по двапати ќе ги тестира сите патници за влез во земјата

Велика Британија по двапати ќе ги тестира сите патници кои пристигнуваат во земјата, во обид да го контролира ширењето на новите варијанти на вирусот.

Тестирањата ќе се вршат двапати, за  време на 10-дневната изолација, дознава „Телеграф“.

Владата претходно најави карантински мерки од 15 февруари за патниците кои пристигнуваат од територии кои се сметаат за жаришта на вирусот. Сепак, тестирањето сега ќе ги опфати патниците од сите земји, а не само оние кои доаѓаат од жариштата, пренесува Телеграф.

Весникот јавува дека министерот за здравство ќе ги објави тие планови следната недела.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште две села во источна Украина

Двајца рудари загинаа по уривање на тунел во шпански рудник

Канада: Неколкумина повредени откако гризли мечка нападна деца од основно училиште