Утрински Весник
Свет

Велика Британија воведува нови санкции за руските олигарси

Велика Британија воведува нови санкции за руските олигарси
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Обединетото кралство воведе нови санкции за руските олигарси. Имено, објавени се нови закони кои имаат за цел да ги спречат руските олигарси да пристапат до британските воздухопловни и поморски технички услуги, јавува Би-Би-Си.

Британското Министерство за надворешни работи соопшти дека законот ќе забрани одржување на авиони или бродови што им припаѓаат на санкционираните руски олигарси или нивните компании.

„Нема сомнеж дека Путин и неговата елита се изненадени од силата на нашите санкции. Ќе продолжиме да го зголемуваме притисокот се’ додека руските трупи се во Украина, таргетирајќи ги не само компаниите на олигархот, туку и нивниот имот и начин на живот“, рече британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас.

Можете да прочитате

Автомобил влета во толпа на светлосна парада во Холандија, најмалку девет повредени

На аеродромот во Единбург авион на „Ryanair“ се судри со цистерна

Тројца тешко повредени по експлозија во хемиска фабрика во Франција