Утрински Весник
Свет

Велика Британија вети поголема воена помош во наредните денови

Велика Британија вети поголема воена помош во наредните денови
Dik 300x250 mk

Британскиот премиер Борис Џонсон му рекол на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ќе обезбеди поголема воена поддршка за Украина во наредните денови, изјави портпаролот на неговиот кабинет.

Зеленски го информирал Џонсон и за отпорот на Украина на руската инвазија, додаде портпаролот на британскиот премиер.

„Премиерот го информираше претседателот Зеленски за воената поддршка на Обединетото Кралство што и се испраќа на Украина и се обврза да ја испрати во наредните часови и денови.

Британскиот премиер ги повика Г7 и другите светски лидери да продолжат да испраќаат одбранбено оружје во Украина и да продолжат да вршат притисок врз режимот на Путин.

По разговорите, портпаролот на британскиот премиер рече дека сите лидери се согласиле дека храбриот отпор на Украина кон руските трупи е навистина инспиративен.

Џонсон, исто така, ја изразил потребата за меѓународен одговор на новонастанатата хуманитарна криза, вклучително и поддршка за соседите на Украина во справувањето со голем број Украинци кои бегаат од семејно насилство, се вели во соопштението.

Британскиот премиер ја истакнал потребата да се продолжи со притисокот врз Русија со трговски ограничувања и санкции, вклучително и исклучувањето од SWIFT.

Лидерите се согласиле, пишуваат медиумите, да ги искористат сите средства за да се осигураат дека Путин нема успее во неговите амбиции, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Дмитриев: Решение за Украина може да се најде брзо ако се испочитуваат три прашања битни за Русија

Стуб: Соработката со Трамп треба да продолжи, за Русија повторно да не го придобие

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп