Утрински Весник
Македонија

Велешкото ЈКП „Дервен“ ќе управува со канализацискиот систем на населените места Чалошево-Дурутовец-Речани

Велешкото ЈКП „Дервен“ ќе управува со канализацискиот систем на населените места  Чалошево-Дурутовец-Речани
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Велес, 12 февруари 2020 (МИА) –  ЈКП „Дервен“ од Велес ќе управува со канализацискиот систем на населените места Чалошево-Дурутовец-Речани. одлуката за давање на урпавувањето од месната заедница на јавното комунално претпријатие е донесена вчера на седница на Советот на Општина Велес. 

Како што појасни за МИА, Ненад Коциќ претседател на Советот на Општина Велес одлуката е донесена бидејќи месните заедници на овие населени места, а кои досега управуваа со овие канализациски системи не ги исполнуваат минимум стандардите за нивно управување што е регулирано со закон.

Инаку,  овој канализациск систем  кој има 65 шахти  досега не беше  дел  од јавниот канализациски систем.

Како претходница на оваа одлука Комисијата за утврдување на техничката исправност на водоводните и канализациските системи на територијата на Општина Велес констатира дека објектите  од канализациската мрежа во овие три населени места ги исполнуваат основните услови за примопредавање.

Инаку, овој канализациски систем беше изграден во 2005/2006 година  од страна на изведувачот АКВАМОНТ ДОО преку Договор за градежни работи потпишан помеѓу Македонскиот центар за меѓународна соработка како инвеститор и АКВАМОНТ ДОО како изведувач. Потоа се догради и еден крак од  страна на ЈКП „Дервен“ и еден крак од страна на месното население. Канализацискиот систем  е вреден пет милиони денари.ад/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови

Работењето на ТИТАН Усје е под 24-часовен независен мониторинг, велат од компанија

Почина актерот Лазе Манасков – 24info.mk