Утрински Весник
Македонија

Велешкото обвинителство отвори предмет по повикот за масовна посета на храмовите за верскиот празник Задушница

Даночна инспекторка од Кавадарци обвинета за примање поткуп

Скопје, 4 јуни 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Велес  отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на митрополитот Агатангел и Повардарската епархија, со кое ги повикува верниците на масовно одење во храмовите за време на верскиот празник Духовденска задушница, в петок и во сабота, во тек на целиот ден, додека во сила е забраната за групирање на територијата на целата држава, забраната за движење на населението во одредени временски периоди и забраната за пристап до гробишта.

Со цел утврдување на факти во предметот и евентуална кривична одговорност, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, велешкото Обвинителство даде насоки на СВР Велес за обезбедување податоци во однос на стореното дело и испитување на околностите дали содржи обележја на кривично дело, како и во поглед на почитувањето на мерките што се определени од страна на Владата на Република Северна Македонија.​ цр/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

За 10 дена 6.264 сообраќајни прекршоци, уапсени 151 возач

Девет предмети за дискусија на седница на Уставниот суд

Приведен турски државјанин, пронајдени мигранти во возилото кое го управувал