Велес, 12 мај 2020 (МИА) – Здружението на пензионери од Велес изминатата недела во два наврати со финансиска помош од 1.500 до 3.000 денари им помогнаа на 30 свои членови – пензионери, кои се со пониски пензии и во тешка социјална состојба или нарушено здравје.
Веле Алексоски, претседател на Здружението на пензионери од Велес истакна дека за време на вонредната состојба со Ковид-19, ваква парична помош досега примиле над 100 нивни членови со нивните семејства и најави дека ќе продолжат и понатаму со делење на ваква помош.
– Целта ни е во овие вонредни и тешки околности да им помогнеме на овие наши членови и нивните семејства и барем за малку да им ја олесниме тешката материјална состојба, а за да можат да си набават основни прехранбени артикли храна и лекови, потенцира Алексоски.
Алексоски инфрмира дека досега ги посетиле домовите на некои од социјално најзагрозени членови во повеќе населени места од општините Велес, Градско и Чашка; во населените места Извор,Теово, Богомила, Согле Смиловци.
Тој воедно најави дека со ваквите свои посети ќе продолжат кон крајот на мај и почетокот на јуни.
Алексоски информира дека и во овие вонредни услови на Ковид-19 тие во соработка со Министерството за труд и социјална политика во текот на неделата од понеделник до петок продолжуваат со редовното делење на еден оброк – ручек на свои социјално загрозени членови во дневните центри за пензионери во Теово, Извор, Чашка, Богомила и Градско.
Аи посочи дека им помагаат и на останатите социјално загрозени и настрадани семејства при семејни и други несреќи и пожари.ад/фф/