Утрински Весник
Македонија

Велешките пожарникари добија противпожарна опрема од „Маркарт“

Велешките пожарникари добија противпожарна опрема од „Маркарт“

Велес, 21 февруари 2020 (МИА) – Територијалната проптивпожарна единица од Велес денеска доби донација–лична опрема, осум пара специјализирани чизми и ракавици од фирмата „Маркарт“.

Командирот на ТППЕ Љупчо Лепидовски се заблагодари на опремата и иницира ова да биде почеток за обновување на дотраената опрема со која располага ТППЕ Велес, а која моментално брои 32 пожарникари. Оваа ТППЕ Велес е регионална и освен во Општина Велес интервенира и во двете соседни општини Градско и Чашка, но и на територијата на целата држава при поголеми катастрофи.

-Опремата ни е најважна за брза интервенција и заштита на животите на нашите пожарникари при интервенција, и се надевам дека во наредниот период старата и дотраена противпожарна опрема на пожарникарите од ТППЕ Велес целосно ќе биде замената со нова, потенцира Лепидовски.

Градоначалникот Аце Коцевски за донацијата и се заблагодари на општествено одговорната компанија „Маркарт“ во свое и во име на градоначалниците и советите на соседните општини Градско и Чашка, и и потенцира дека очекува и други фирми да го следат овој пример.

-ТППЕ Велес е регионална и нејзините пожарникари вршат многу важна функција и го заштитуваат населението од пожари, експлозии и другу видови на несреќи. Затоа освен професионално добро подготвени треба да бидат и опремени со специјална професионална противпожарна опрема, со цел и тие да бидат заштитени при работа, а и да можат брзо и професионално да интервенираат, потенцира Коцевски.

Директорот на „Маркарт“ Волфан Ајхен кој ја предаде донацијата и од командирот Лепидовски прими  рачно изработен  подарок – симболот на ТППЕ Велес, најави дека нивната фирма и понатаму ќе донира за велешките пожарникари и за Општина Велес.ад/са/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара