Утрински Весник
Македонија

Велешките занаетчии можат да аплицираат за проектот „Креативни можности во туризмот-CounT“

Велешките занаетчии можат да аплицираат за проектот „Креативни можности во туризмот-CounT“

Велес, 10 март 2020 (МИА) – Општина Велес ги повикува занаетчиите кои се регистрирани согласно Законот за занаетчиство, да се вклучат во проектната апликација „Креативни можности во туризмот- CounT“ во рамките на ИНТЕРРЕГ – ИПА прекугранична соработка меѓу земјава и Република Грција, финансирана од ЕУ. Сите заинтересирани занаетчии треба да се пријават до 13 март.

Како што информираат од Општина Велес, проектот предвидува создавање на соодветен простор (типизирани занаетчиски објекти) за работа и промоција на занаетчиските и прехрамбените производи во централното градско подрачје покрај реката Вардар, како и воспоставување соработка со занаетчиите од Лерин, Република Грција.

Особено е значајно учеството на занаетчиите кои вршат дејност на домашно и уметничко занаетчиство (дејност за која е карактеристичен едноставен начин на работа со главно рачна работа, уметничко и дизајнерско создавање). Посебно се важни традиционалните занаети како грнчарството, изработката на сувенири, изработката на автентични предмети од дрво и други природни материјали како и традиционалните прехрамбени производи автентични за Велес, појаснуваат од Општината.ад/бт/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија