Утрински Весник
Македонија

Велешкиот театар најави прв интернет-проект „Тој и Таа“ 

Велешкиот театар најави прв интернет-проект „Тој и Таа“ 

Велес, 6 мај 2020 (МИА) – Театарот „Јодан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес најави прв интернет-проект „Тој и Таа“ – производ на културата во време на физичка изолација и настанат преку вмрежување на интернет-платформи и изведби. Предвидени се дванаесет епизоди кои театарот еднаш неделно, почнувајќи од оваа сабота (9 мај) и во ист термин (20 часот) ќе ги поставува на својата веб-страница.

Од Велешкиот театар наведуваат дека овој нивни уникатен проект е уметнички одговор на кризата, чија цел е преку максимално користење на комуникацијата која ја овозможува интернетот да се истражува изведбеноста во нестандардни облици.

Проектот е направен на тој начин што пробите се изведуваат онлајн, потоа, актерите се снимаат себеси (најчесто со своите мобилни телефони) и на крајот, во процесот на монтажа, се обликува видеодијалогот. Приказната ја носат шест парови чии меѓусебни односи интермедијално се поврзуваат во единството на карантинската приказна.

Режисер на проектот  е Деан Дамјановски, драматургијата е на  Сашо Димоски, а видеодизајнот и монтажата на Филип Коруновски.

Во проектот учествуваат актерите: Благојчо Стојанов, Талија Настова, Васил Зафирчев, Славица Манаскова, Самоил Стојановски, Маја Љутков, Зорица П. Панчиќ, Симона Димковска, Слободанка Чичевска, Жарко Спасовски, Исидор Јованоски и Кети Борисовска. ад/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава