Утрински Весник
Македонија

Велешкиот музеј конкурира за европски средства за осветлување на Спомен-костурницата од НОВ

Велешкиот музеј конкурира за европски средства за осветлување на Спомен-костурницата од НОВ
Dik 300x250 mk

Велес, 9 јуни 2020 (МИА) – Народниот музеј од Велес со поддршка од Општина Велес изминатата недела аплицира за Проект за партерно, хортикултурно уредување и осветлување на Спомен-костурницата од НОВ во Велес.
Проектот е за средства од Европската програма ИПА ИНТЕРРЕГ за прекугранична соработка со Грција во соработка со градот Лерин, збратимениот град Термаикос и институции од Солун, за средства  во висина 178.776 евра. Ако биде одобрен проектот во мал процент средства треба да обезбеди Општина Велес, кои потоа треба да и бидат вратени преку Министерството за локална самоуправа.
Како што информира за МИА Марин Клифов, директор на Народниот музеј од Велес, со проектот ќе се осветлат скалилата на Спомен-костурницата, а и хортикултрно ќе се уреди непосредната околина. Се планира и уредување на пешачка петека од кај влезот на чуварата па нагоре се до влезот во Спомен-костирницата, патека која сега е со ситни камчиња и е тешка за одење поради стрмниот терен.
Клифов потсетува дека на отварањето на Спомен-костурницата од НОВ, каде се положени коските на борците од НОВ од Велес и Велешко, а која  беше свечено отворена  во ноември во 1979 година беа убаво осветлени и сите  скалилала кои водеа кон влезот во Спомен-костурницата. Но, низ годините, како што рече, потоа  беа целосно  уништени од несовесни граѓани и посетители.
Тој информира дека долниот дел од комплексот на Спомен-костурницата каде има  паркче со клупи  и сега во ноќните вечерни часови е убаво  осветлено со канделабри.
-Тоа  е  често  посетено од граѓаните и рекреативците од сите возрасти кои сакаат да шетаа и спортуваат, а  посебно ги има се повеќе и повеќе  во овие неколку месеци кога  поради состојбата со Ковид-19 не можат да одат подалеку од градот. Граѓаните масовно ја посетуваат Спомен-костурницата,  посебно во попладневните и вечерни  часови  кога овие денови наликува на поранешното Градско корзо, посочува Клифов.
Поради состојбата со Ковид-19, внатрешноста на Спомен -костурницата од НОВ заедно со останатите музеи, спомен-куќи  и културни институции во градот е  затворена за посетители од средината на март. ад/мд/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Да се остават во минатото луѓето кои освен освен распродажба на Македонија, не покажаа ништо друго, повика Мицкоски од Росоман