Утрински Весник
Македонија

Велешанец упатил закани за убиства, судот постапил, но наислникот ја прекршил одлуката

Dik 300x250 mk

Велешкото основно јавно обвинителство поведе постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторило кривични дела загрозување на сигурноста и неизвршување на судска одлука.

На 12 април, осомничениот пред месарница на улицата „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес ја загрозил сигурноста на сопственикот на месарницата и уште две присутни лица, навредувајќи ги и заканувајќи им се дека ќе ги убие.

Откако во постапка му биле определени мерки на претпазливост, меѓу кои и забрана за напуштање на живеалиштето и забрана за приближување односно контакти со определени лица, осомничениот ваквото судско Решение не го почитувал, па на 4 мај повторно се приближил кон еден од оштетените и започнал да му се заканува.

Бидејќи постои опасност од бегство и поради фактот што определените мерки за претпазливост осомничениот не ги испочитувал, сега му е определен притвор.​​

Можете да прочитате

Променливо облачно со сончеви периоди

Автопатот Велес – Градско затворен за сообраќај, возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градско – Дреново

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството