Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) – Денеска ќе се одржи третиот Вебинар на тема „Лажните вести како хибридна закана“ во организација на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Факултетот за безбедност – Скопје и Фондацијата „Конрад Аденауер“ одГерманија во рамки на регионалниот проект „Влијанието на пандемијата врз функционирањето на безбедносниот систем, јавните политики и надворешните односи во услови на вонредна и кризна состојба“.
На оваа тема ќе говорат Драган Секуловски Извршен директор на Здружението на новинари, проф.д-р Марјан Ѓуровски Проректор на УКЛО и професор на Факултетот забезбедност-Скопје, проф. д-р Татјана Дронзина, од Софиски Универзитет, Бугарија, Димитар Стојанов новинар и специјалист за препознавање на лажни вести, Бугарија, проф. д-р Драган Ѓукановиќ од Белградски Универзитет, Србија и Стефан Јањиќ новинар и уредник на порталот за откривање на лажни вести, Србија. Учесници се професори, студенти и експертска јавност.
-Ако го погледаме поширокиот регион во кој се наоѓаме и обидите за влијание преку лажните вести како хибридни закани не можеме да исклучиме дека здравствената криза од политичка нема да прераасне во безбедносна закана, вели професорот Ѓуровски носител на регионалниот проект на Факултетот за безбедност и Фондацијата „Конрад Аденауер“.
Според него, токму заради таквиот тип на ризици и закани неопходно е подигнување на капацитетите на институции и функционална демократија со цел да имаме поуспешно справување со пандемијата, но пред се и со новите предизвици, како и градење на нови платформи за препознавање на лажните вести и превенција и пресретнување на хибридните закани по безбедноста. нд/са/