Британецот Дилијан Вајт му се одмазди на Александер Поветкин за шокантниот нокаут од минатата година, откако во тешкашката пресметка во Гибралтар, го победи рускиот ветеран во четири рунди за да стане еден од кандидатите за титулите на Ентони Џошуа и Тајсон Фјури.
Поветкин минатиот август со фантастичен нокаут го изненади Британецот, но овојпат од стартот на мечот изгледаше споро и неубедливо, пред судијата да го прекине мечот на неколку секунди пред крајот на четвртата рунда, откако Русинот доби низа удари и изгледаше нестабилно на нозете.
Ова беше само втор доживеан нокаут во кариерата на Поветкин, откако загуби од Ентони Џошуа во 2018 година. Џошуа исто така го победи и Вајт, кој сега стана „преоден“ ВБЦ шампион во тешката категорија.
„Тажен сум што не завршив уште во првата рунда. Се обидов, но тој е цврст фајтер. и последниот пат го пратив во нокдаун двапати, но не ја завршив работата. Ако сака римеч, за вистинските пари, јас сум тука. Не требаше да загубам ниту првиот пат“, објаснува Британецот.
Whyte gets his revenge with a KO in round 4 over Povetkin! pic.twitter.com/qzPeoI7jEu
— The Sports Junky (@TheSportsJunky1) March 27, 2021
> Вајт го декласираше Поветкин во четири рунди <