Утрински Весник
Спорт

Вајлдер побара 10 милиони долари за да дозволи борба Џошуа-Фјури

Фјури и Вајлдер потешки од првиот меч

Лас Вегас, 14 мај 2020 (МИА) – Американскиот боксер Дионтеј Вајлдер се согласува да не се бори по трет пат против Тајсон Фјури и да го отстапи редот на Ентони Џошуа. Тој постави два услови за тоа да се случи. Еден од нив е финансиски, што не е ни изненадување.

Според essentialsports.com, Вајлдер се согласил да се откаже од своето место за борба против Фјури доколку му бидат понудени 10 милиони долари. Негов друг услов е да се бори против победникот од дуелот Ентони Џошуа – Тајсон Фјури.

Промоторот на Џошуа, Еди Харн, даде краток коментар на овој предлог.

– Никогаш не кажувај „никогаш“, но е малку веројатно, вели Херн.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство