Утрински Весник
Свет

Вашингтон: Русите водат „војна“ против американските вакцини

Вашингтон: Русите водат „војна“ против американските вакцини

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, изјави дека администрацијата на претседателот Џозеф Бајден ги следи напорите на руските разузнавачки служби насочени кон поткопување на вакцините против коронавирус на компаниите „Модерна“ и „Фајзер“.

„Ние сме свесни за тоа, го следиме и преземаме чекори за негово решавање“, изјави Псаки пред новинарите во понеделникот.

Според „Ројтерс“, таа посочила дека САД со сите средства ќе се борат против дезинформациите.

„Секако дека сме запознаени со пристапот и тактиката на руските напори за дезинформирање“, рече Псаки, додавајќи дека администрацијата на претседателот Бајден ќе повтори во секоја пригода дека вакцините се безбедни.

САД идентификуваа три публикации на интернет во режија на руските разузнавачки служби, за кои тие тврдат дека се обидуваат да ги поткопаат вакцините против Ковид-19 произведени од „Фајзер“ и „Модерна“, рече Пасаки во неделата.

Тие шират многу видови дезинформации, вклучително и оние за вакцините на „Фајзер“ и „Модерна “, како и за меѓународните организации, воени конфликти, протести и какво било прашање на поделба што тие можат да го користат“, рече Псаки.

Портпарол на Кремљ го демантираше американското тврдење дека Русија шири лажни информации за вакцините, додава „Ројтерс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња