Утрински Весник
Свет

„Вашингтон пост“ објави снимка на која Трамп бара да се украдат гласови во Џорџија

„Вашингтон пост“ објави снимка на која Трамп бара да се украдат гласови во Џорџија

Американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, се обидел да го принуди државниот секретар на Џорџија да украде гласови во негова корист, пишува „Вашингтон пост“, и објави аудио-снимка од разговорот.

Разговорот трае еден час и се одвива меѓу Трамп, државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, и уште неколку високи републиканци.

Трамп во разговорот забележува дека луѓето во Џорџија се бесни.

„Гледај, сè што барам е да најдете 11.780 гласови“, вели Трамп, повторувајќи дека тие победиле на изборите.

Белата куќа сè уште не ги коментирала наводите и аудио-снимката.

Ако снимката е автентична, тоа е веројатно најголемиот скандал во политичката кариера на Трамп.

Трамп ги загуби изборите на почетокот на ноември минатата година од демократот Џо Бајден. Но, тој не го признава поразот и тврди дека бил ограбен. Инаугурацијата на новиот претседател треба да се одржи на 20 јануари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

Иранскиот претседател вели дека Израел и САД треба „веднаш да ја прекинат агресијата“ за да се стави крај на војната

Дваесетина повредени во ирански напад со балистичка ракета врз Димона, каде е главната нуклеарна централа на Израел