Утрински Весник
Свет

Вашингтон испрати барање до Грција да распореди авиони на Крит

САД испратија официјално барање до грчката влада за распоредување на авиони „Ф-35“ и „Ф-15“ на Крит, јави турската телевизија „Улусал Канал“.

Во извештајот се наведува дека Атина го добила тоа барање и подготвува одговор. Доколку барањето биде одобрено, американската авијација ќе биде распоредена во базата Соуда, каде веќе има неколку воени инсталации на грчките вооружени сили, како и главното упориште на НАТО во регионот.

Во извештајот се нагласува дека американските авиони ќе можат да учествуваат во вежби во Медитеранот, пренесе ТАСС. Соединетите држави и Грција разговараат за зајакнување на одбранбените капацитети во областа на островите Родос, Лезбос и Хиос, со американско или НАТО оружје.

Атина е загрижена за потенцијалната закана од Турција и растечките тензии во Егејското Море, каде прашањата поврзани со турско-грчката граница се уште не се решени, пренесе Блиц.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени