Утрински Весник
Свет

Ватикан негира дека испратил 1,8 милијарди долари во Австралија

Ватикан негира дека испратил 1,8 милијарди долари во Австралија

Ватикан и Австралиската католичка црква негираа дека знаеле за трансфер на пари од Рим во Австралија во претходните седум години, а станува збор за 1,8 милијарди долари.

„Таква сума не го напуштила Ватикан“, изјави висок функционер на Ватикан, кој има увид во финансиите на оваа земја, објави Ројтерс.

Официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен, рече дека Ватикан ќе побара детали од австралиските власти за потеклото и дестинацијата на парите.

„Не се наши пари, бидејќи немаме толку многу пари. Јас сум шокиран”, додаде тој.

Бројките станаа достапни за јавноста во декември кога ги објави австралискиот сервис „Австрац“, на барање на сенаторот Кончита Фјеравани-Велс.

Австрац изјави дека за седум години биле извршени 47.000 трансфери.

Архиепископот од Бризбејн, Марк Колериџ, за Ројтерс изјави дека австралиската црква не била свесна за какви било трансфери.

„Ве уверувам дека ниту една епархија или црковно тело ги нема видено парите“, рече Колериџ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Курдите во Сирија добиваат државјнство и право на мајчин јазик

Во Копенхаген и други дански градови се одржаа протести за поддршка на Гренланд

САД и Словачка потпишаа договор за соработка во сферата на нуклеарна енергија