Утрински Весник
Свет

Ватикан издададе прирачник против сексуална злоупотреба на деца

Ватикан издададе прирачник против сексуална злоупотреба на деца
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ватикан објави прирачник за превенција на сексуална злоупотреба во рамки на Католичката црква.

Во прирачникот објавен од ватиканската Конгрегација, на претставниците на црквата им се дадени упатства како да реагираат во случај кога постои сомневање дека некој сексуално злоставува деца, пишува „Дојче веле“.

Ова го соопшти префектот на Конгрегацијата, кардиналот Луис Франциско Ладарија Фер. Прирачникот не содржи нови закони, туку само упатства за тоа како да се постапи во согласност со постојните закони, објасни тој.

Документот од 17 страници систематски за прв пат опишува како да се реагира од првата пријава за евентуално кривично дело до крај на постапката, објасни заменикот на префектот Џакомо Моранди во интервју за порталот „Ватикан њуз“.

Прирачникот е наменет првенствено за лица кои професионално се занимаваат со примена на црковно право, како што се правници или судии во бискупските судови, потоа соработници задолжени за црковно право, но и за епископи и водечки свештеници кои немаат подетално знаење на оваа тема.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку тројца загинати во јужна Шпанија

Путин тврди дека руските сили напредуваат по целата фронтова линија во Украина

Лавров тврди дека Украина со дронови ја нападнала резиденцијата на Путин, Киев ги отфрла обвинувањата