Утрински Весник
Спорт

Васоски го донесе Аврамовски во Сараево

Васоски го донесе Аврамовски во Сараево

Македонскиот репрезентативец, Даниел Аврамовски, кариерата ќе ја продолжи во Сараево. На трансферот на Аврамовски инсистираше новиот тренер на Сараево, Александар Васоски.

Аврамовски, деновиве ќе им се приклучи на новите соиграчи во Анталија. Аврамовски од септември е без клуб, откако ја раскина соработката со Кајзериспор.

26-годишниот фудбалер кариерата ја започна во Работнички, има играно за Македонија ЃП, Црвена звезда, ОФК Белград, Олимпија, Војводина и Вардар.

> Васоски го донесе Аврамовски во Сараево <

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027