Утрински Весник
Свет

Василев го вратил мандатот неисполнет, Радев со порака: Бугарија да не губи време и пари

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кандидатот за премиер од „Продолжуваме со промената“ – Асен Василев му го вратил неисполнетиот мандат за формирање влада на претседателот Румен Радев, пренесе „БГНЕС“
На средбата попладнево присуствувале и Кирил Петков, Андреј Ѓуров и Никола Минчев.

dobivaj vesti na viber

Василев изјавил дека ПП не собрала доволно собраниска поддршка: „Значи го враќаме мандатот неисполнет“.

Од своја страна, претседателот Радев изјавил дека пред една година граѓаните верувале дека со Бугарија може да се управува на поинаков начин.

„Повлечениот кредит на доверба кон кабинетот не може и не треба да ги исцрпи јавните напори за изградба на влада која е транспарентна и одговорна пред граѓаните. Верувам дека мисијата да се промени нашата држава е историска и колку и да е тешка, Бугарите ќе ја остварат“ – нагласил Радев.

„Длабоко верувам дека институциите можат да постигнат резултати, а остварениот национален интерес е на прво место. Очекувам владата да ги развие и подготви за доставување до Народното собрание законите поврзани со Планот за закрепнување и одржливост, за Бугарија да не продолжи да губи време и пари“ е ставот на претседателот на Бугарија.

Тој додал дека следната недела ќе соопшти кога ќе го додели мандатот на втората по големина партија.

Можете да прочитате

Објавени снимки од моментот на избувнување на пожарот во Кран-Монтана

Русија вели дека им дала на САД доказ за украински напад врз резиденцијата на Путин

БФМ: Прскалки во шишиња можна причина за пожарот во швајцарското одморалиште