Утрински Весник
Политички Партии

Вархеји: Одлука за старт на преговорите во наредните недели

Вархеји: Одлука за старт на преговорите во наредните недели

Брисел, 2 март 2020 (МИА) – Европската Комисијата стои цврсто на своите препораки за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, и се надевам дека земјите-членки ќе донесат позитивна одлука во наредните недели, порача еврокомесарот за проширување на Оливер Вархеји по објавувањето на извештаите за напредокот на двете земји.

– По усвојувањето на ревидираната методологија во февруари, денеска ги презентираме нашите ажурирани извешати за Албанија и Северна Македонија. Тие покажуваат дека земјите ја засилиле својата работа и испорачале дополнителни опипливи и одржливи резултати во клучните области утврдени во заклучоците на Советот од јуни 2018 година, вели Вархеји и нагласува според ЕК исполнети се критериумите за старт на пристапните преговори.

Извештаите објавени денеска го поздравуваат напредокот во двете земји. За Северна Македонија, ЕК смета дека земјата презела значајни чекори за зајакнување на независноста на судството и борбата против корупцијата, и остварила напредок во реформата на разузнавачките служби и јавната администрација.са/дма/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт