Утрински Весник
Свет

Вархеји му честиташе на Вучиќ и најави продолжување на патот кон ЕУ

Вархеји му честиташе на Вучиќ и најави продолжување на патот кон ЕУ

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји му честиташе на претседателот на Србија, Александар Вучиќ за резултатите од изборите одржани во неделата.

„ Очекуваме со вас и со новата влада да напредуваме кон пристапување на Србија во ЕУ, што е стратешка одлука на земјата. Ќе продолжиме да ги поддржуваме реформите во Србија, закрепнувањето, енергијата, снабдувањето со храна, вклучително и преку нашиот економски и инвестициски план“, рече Вархеји на својот профил на Твитер.

Можете да прочитате

ИДФ соопшти за нови напади врз Техеран

Ирански ракети потенцијална закана за европските престолнини

Авион на „Ер Канда експрес“ удри во возило на аеродромот во Њујорк