Утрински Весник
Македонија

Вархеји: ЕУ и земјите од Западен Балкан заедно против корнонавирусот

Вархеји: ЕУ и земјите од Западен Балкан заедно против корнонавирусот

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Сите шест партнери на ЕУ од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово го потврдија своето учество во договорот за заеднички набавки, што се однесува на медицинска и друга опрема за справување со коронавирусот, соопшти денеска еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

– Заедно се бориме против коронавирусот. Задоволен сум што сите шест партнери од Западен Балкан го потврдија своето учество во Заедничкиот договор за набавка, а четири досега го усвоија предлогот за „зелени линии“ кои ќе го осигураат протокот на храна и лекови, објави Вархеји на Твитер. са/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Нов гаф на Давкова: Марко Рубио го помеша со Џи Деј Венс и го нарече Диџеј Венс

Хашка декларација: Членките на НАТО се обврзаа да инвестираат пет отсто од БДП за одбраната до 2035 година 

Директорот на БЈБ Јанев на Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа