Утрински Весник
Македонија

Вархеји: Го поздравувам договорот за одржување на изборите на 15 јули

Вархеји: Го поздравувам договорот за одржување на изборите на 15 јули

Скопје, 15 јуни 2020 (МИА) – Го поздравувам договорот постигнат меѓу двете главни политички партии во Северна Македонија за одржување на изборите на 15 јули, напиша на Твитер еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

– Важен сигнал за земјава, нејзините граѓани и патот кон ЕУ, овој договор го трасира патот кон слободни, фер и инклузивни избори, коишто ќе бидат набљудувани од страна на ОБСЕ/ОДИХР, напиша Вархеји на својот профил на Твитер.

Претходно денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се договорија изборите да бидат на 15 јули годинава. нд/скс/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Метален профил усмрти 23 годишен градежен работник во индустриска зона кај Петровец

Жерновски поднесува претставка до Судскиот совет за изјавите на Митева за незавршена судска постапка

Косовар баран од Интерпол уапсен на Блаце