Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Ван Гал: Сопругата на Милер го блокираше трансферот во Манчестер јунајтед

Ван Гал: Сопругата на Милер го блокираше трансферот во Манчестер јунајтед
Img 7972

Поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Луј ван Гал, за „Билд“ открил дека клубот во 2015 година го договорил трансферот на Томас Милер. Сопругата на Томас Милер, Лиса, го не дозволила трансферот да биде рализиран.

Манчестер јунајтед, во летниот преоден рок во 2015 година, на Баерн му понудиле 100 милиони евра, а на Милер годишна плата од 20 милиони евра. Челниците на Баерн ја прифатиле понудата.

„Два пати се обидев да го донесам Милер на „Олд Трафорд“. Во 2014 година Баерн ја одби понудата. Јунајтед не се откажа, една година подоцна клубовите се договорија за 100 милиони евра. Тогаш во приказната влезе сопругата на Томас, Лиса, која не сакаше да замине од Германија“, реколВан Гал.

Милер, викендов ќе го одигра 600 натпревар за Баерн. Во досегашната кариера има постигнал 220 голови и забележал 230 асистенции. Неговата сопруга Лиса се занимава со коњичкиот спорт. Сопружниците Милер имаат успешен бизнис со одгледување на коњи.

> Ван Гал: Сопругата на Милер го блокираше трансферот во Манчестер јунајтед <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН