Утрински Весник
Политички Партии

Ванчева: Мицкоски да се откаже од парите од Буџетот, ова е борба за здравје и живот, а не борба за неговиот политички опстанок

Ванчева: Мицкоски да се откаже од парите од Буџетот, ова е борба за здравје и живот, а не борба за неговиот политички опстанок

Скопје, 30 март 2020
Додека целата држава, институциите, граѓаните, сите се борат против коронавирусот, само Христијан Мицкоски се бори само за партиски профит и шири невистини.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно не се откажуваат од народните пари кои од Буџетот ги добиваат политичките партии.
Во време кога е важен секој денар, кога треба да се покаже одговорност, од ништо не е спремен Мицкоски да се откаже.
За Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не е важно здравјето за граѓаните, не е важно надминувањето на економската криза. Единствено што им е важно е касата во белиот дворец да биде полна.
Од истиот дворец од којшто секојдневно шири невистини, без докази врши притисок врз институциите кои се борат со сите сили против коронавирусот.
Мицкоски треба да се засрами неговото однесување е ниско и неодговорно. Ниту еден политичар од самостојноста досега не се однесувал вака во време на криза.
Кога веќе не е способен да помогне, Мицкоски треба да престане неосновано да ги напаѓа институциите, да ги истура своите фрустрации врз граѓаните.
Мицкоски, ова е борба за здравје и живот, ова не е борба за твојот политички опстанок.
Без разлика на ваквото однесување на Мицкоски, СДСМ ќе продолжи одговорно да се однесува, во интерес на граѓаните, на нивна заштита и справување со економските последици.
СДСМ е на страната на граѓаните и државата. Во овие тешки времиња, потребна е солидарност и меѓусебно помагање, заедништво и здружена акција против коронавирусот.
Уште еднаш упатуваме благодарност до сите кои се борат против коронавирусот и апелираме да се почитуваат сите мерки и препораки од надлежните институции.
Покажавме дека можеме да се справуваме со предизвиците, ќе покажеме дека можеме да се справиме и со овој предизвик, здравствен и економски.

Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на жени на СДСМ

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

https://www.youtube.com/watch?v=O7d8YOYKqX0&feature=youtu.be

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт