Утрински Весник
Спорт

Ванов победник на првата трка од државниот Ендуро шампионат 2020 што се возеше кај Велес

Ванов победник на првата трка од државниот Ендуро шампионат 2020 што се возеше кај Велес

Велес 18 јуни 2020 (МИА) – На првата трка од годинашниот Ендуро Шампионат што денеска се одржа на ендуро патеката над езерото „Младост“ кај Велес, Драган Ванов од Мото Клубот „Мото-Велес“ беше прв во Е-1 класата од 250 кубици, втор беше Денис Гареј  од СРТ Куманово и трет Елвир Мемедов од Мото Клубот „Мото-Велес“.

Организатор беше Мото Клубот „Мото Велес“ во соработка со Мотоциклистичката федерација на Македонија и Општина Велес. Како што информира за МИА, Сашко Ванов од МК „Мото Велес“ учествуваа педесетина ендуро возачи од Мото клубовите од земјава, а по нерамен ендуро терен  се возеа четири круга од по 25 километри со еден ендуро тест во секој круг каде што се мереше времето.

– На ендуро стазата напорно работевме во изминатите четири дена за да ја оспособиме, а за нејзино чистење од  градежен и друг смет  имавме на располагање и механизација  од два булдужера еден   кој ние го обезбедивме и еден од Општина Велес, а ни помагаа  и многу наши пријатели љубители на ендуро трките. Според оценката од сите учесници,  оваа  е најдобрата ендуро патека  во земјава и поширокиот регион и веќе е  Ендуро центар во земјава потенцира Ванов.

Во Е-2 класата до 450 кубици прв е Синиша Николоски од МК „Мото Велес, втор  е Самет Имеров од МК „Мото Велес“ и трет Марко Златановски од Ендуро тим Водно.

Во Е-3 класата над 450 кубици  прв е Дејан Маркоски од МК „Драпачи“ втор Давид Ристов од МК „Мото Велес“ и трет Ангелче Стојковски од Ендуро тим Водно.

Во класата Off Road без лиценци прв беше Дардан Дехари, втор Наумче Чулчески од МК„Кај Антените“ од Охрид, а трет беше Никола Маркоски од истиот охридски клуб „Кај Антените“.

Инаку прво пласираниот во најтешката класа до 250 кубици Драган Ванов од МК „Мото-Велес“  е државен ендуро шампион во изминатите две години во 2018 и 2019, а ако и годинава биде прв ќе ја освои и „Златната кацига“, велат организаторите.

Организаторите посочуваа дека на денешната трка ги почитуваа препораки те на Агенцијата за млади и спорт во услови на пандемија на коронавирус и се натпреваруваа без публика, а бидејќи станува за индивидуален спорт натпреварувачите немале никаков непосреден контакт во текот на трката. ад/зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари