Ванеса Хаџенс добива голема доза на зима додека е на снимање на третиот дел на филмската франшиза The Princess Switch во Шкотска.
И покрај студените температури и тешката прекривка од нов снег, ѕвездата на High School Musical ја зголеми жештината кога излезе надвор за да се фотографира во едноделен костим за капење.
Се чини дека актерката доби инспирација од бикини-трикот на Џасмин Сандерс, егзотичната убавица од светот на високата мода.
Актерката и самата призна дека идејата за ваква зимска фотографија ја добила од Инстаграм-профилот на Џасмин Сандерс, позната како Златна Барби.
„Ја видов @goldenbarbie како носи костим за капење на снегот, па и јас облеков таков среде снег“, призна 32-годишната актерка во описот на објавата.
Инспирацијата на Хаџенс дојде од смелата фотографија која што манекенката Сандерс ја постираше на својот Инстаграм минатата недела, а на која се појави на падините на Аспен, Колорадо, облечена во црно бикини со куса пуф јакна и традиционални чизми за скијање.